До нашите идни студенти на магистерскaта програма „Управување со иновациите и истражувачката дејност“

„Зошто еден нов производ се наметнува на пазарот? – Вообичаените одговори се: „затоа што е најдобар меѓу своите конкуренти“, „затоа што е евтин“, „зашто е корисен“, „зашто е ефикасен“, „зашто е привлечен“, „бидејќи е поддржан од моќни интереси“ … Ако прашаме зошто некој производ не успева да се наметне, добиваме други вообичаени одговори: „зашто не е добро замислен“, „затоа што е многу скап“, „зашто не е корисен“, „бидејќи не е ефикасен“, „зашто е засегнат од нечии интереси „, и т.н.

Проблемот се состои во тоа што овие изјави обично следуваат по драмата кога работите веќе се случиле и тие воопшто не можат да им помогнат на оние кои треба да одлучуваат (инженери, менаџери, финансиери и др.) кои од мноштвото нови производи и прототипови подоцна ќе станат ефикасни, профитабилни, корисни, примамливи и потребни стоки на пазарот. Во овие објаснувања недостасува она што ја конституира една иновација како таква – несигурноста. Проблемот е да ги разбереме иновациите пред историјата да процени со своите стандардни шеми во сегашноста; да се научниме да ги следиме пред нивните производи да станат поефикасни, профитабилни и незаменливи … “

(M. Callon and B. Latour)

magistratura-innovationВо екот на магистерската кандидатска – студентска кампања многумина од Вас можеби веќе ја посетија вебстраната на нашата програма и се обидуваат да добијат представа за нејзиниот профил, за знаењето и компетенциите кои таа ги развива кај студентите. Ако уште не сте успеале во тоа, би сакал да Ви помогнам со укажување  на некои акценти:

Дали е потребно да се разбере природата на иновациите и научното истражувања како извор на економскиот просперитет и на механизмите за нивно подобро управување?

Не секогаш е потребно. Ако живеете во едно олигархиско општество каде пристапот до економските и финансиски ресурси, а со тоа и до богатствата на една нација се контролираат од малкумина, тогаш знаењата за организација на научните истражувања, за иновациите и за претприемништвото нема да Ви бидат од особена корист. Затоа и едвај некој, гледајќи кон последните децении на минатиот век, ќе ги запамети земјите од Латинска Америка и поранешните социјалистички земји, па дури и Кина, како татковини на технолошки и организациони иновации кои го промениле нашиот живот. Истото може да се каже и за денешна Бугарија, Романија, Грција, Русија и некои други земји од Источна Европа, каде директната политичка интервенција во економијата, корупцијата и други фактори продолжуваат да пречат во развојот на иновациите и на поставување на основите на претприемаштво.

Ако веќе шеста година на нашите студенти им ја нудиме оваа магистерска програма, причината е што сепак сме оптимисти и имаме надеж за една поголема економска слобода, поголема економска демократија во Бугарија и регионот. Факт е дека во голем број на сектори на бизнисот веќе доминираат автентични претприемачи и иноватори, а не посредници на сивите центри и групи на власта. Се надеваме дека оваа тенденција ќе продолжи, а со тоа и ќе се зголемуваат потребите од луѓе кои се разбираат во научни истражувања, иновации и претприемништво.

Каква всушност е природата на иновациите и нивното управување?

Во почетокот иновациите и претприемништвото биле внатрешен, неделлив и незабележлив момент од водењето бизнис. Наметнувањето на ерата на laissez-faire кон крајот на 18 и почетокот на 19 век и особено согледаните разлики во успехот на различните трговци и индустријалци доведоа до првите економски и социолошки анализи на овој феномен. Интересот за нив не се намалува веќе едно столетие, од познатата книга на Џозеф Шумпетер (1911 година) во која претприемништвото и иновациите за прв пат биле поставени во основата на економскиот развој. Во овој век е насобран огромен корпус од специјализирано знаење кој е повеќе од доволен да го оправда постоењето на една самостојна магистерска специјалност. Специјалност која се надоградува над  знаењето и вештините во областите на природните и техничките науки, економските, социолошките, психолошките и други науки, и која анализира сопствена посебност на иновативниот процес во кој сите овие знаења се испреплетуваат и  се слеваат на еден уникатен начин.

business-innovationКон тоа треба да го додадеме и подоцнежниот процес истражувајќи ги конкретните начини на поврзаност помеѓу истражувањето и економијата. Транзицијата кон „големата наука“ која се случила во децениите околу Втората светска војна, всушност е осознавање на фактот (спонтано откриен од индивидуални индустријалци и пронаоѓачи децении пред тоа) дека истражувањата не се само управувани од љубопитност и стремеж да се разбере како настанал светот, туку се и моќно средство за решавање на практичните проблеми во индустријата, трговијата, финансиите и секоја друга сфера на животот (па дури и војната). И, дека освен да чекаме добрите идеи и научни резултати да најдат примена, вреди активно да работиме во таа насока, па дури и да се обидуваме да управуваме со тој процес. Социјалните истражувања на науката и технологијата, како посебни самостојна постапка во почетокот на 80 години на минатиот век и познати под англискиот  акроним STS го променија нашето разбирање на современата наука и технологија и начините на нивно интегрирање во економијата и другите сфери на животот.

Постојат и други постдипломски програми за иновации и претприемништво. Зошто треба да ја изберат токму таа?

Во различни бугарски универзитети веќе има добри програми од кои некои се лиценцирани и пренесуваат настава, знаења и вештини за иновации и претприемништво во водечките универзитети во САД и други европски земји.

Она што може да се најде само во нашата програма е:

–    Поставување на овие знаења во специфичниот бугарски (балкански и источно-европски) контекст. Во текот на предавањата и семинарите Вие ќе дознаете зошто некои од успешните практики на други земји тука не функционираат и обратно, ќе се запознаете со голем број успешни практики на „автохтони“ автентични претприемачи и иноватори;

–    Интегрирање на наставата во иновативниот процес и во процесот на научните истражувања како основа на успешно претприемништво во доцниот капитализам од крајот на минатиот и почетокот на овој век;

–    Широк корпус на теми од областа на финансиите и маркетингот предавани  и анализирани во однос со иновациите  и научните  истражувања.

Ако ги комбинираме овие знаења со нашата потреба, да се стават под знак прашалник фактите и „очигледностите“ со кои секојдневно нè преплавуваат различни извори на информации, работите да не се земат за утврдени „еднаш засекогаш“ и да се бараат одговори на проблемите,  убедени сме дека нашата програма ќе ве направи повеќе конкуретноспособни ако планирате да правите кариера во Бугарија или во друга земја од Источна Европа, или пак ако доаѓате од странство и сакате да дознаете повеќе за иновациите и претприемништвото во регионот (нашиот тим е во состојба да води обука и за корисниците на англиски јазик) .

За повеќе информации, контактирајте со нас.

Од тимот на програмата